еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Србија и Унгарија ќе испратат покана до Македонија да се приклучи кон изградба на брза железница

Српскиот министер за градежништво, транспорт и инфраструктура, Горан Весиќ, во Будимпешта, по разговорот со унгарскиот министер за градежништво и транспорт, Јанош Лазар, изјави дека двете земји ќе испратат покани до Бугарија, Македонија, Албанија, Грција и Турција за приклучување на изградба на брза железница во регионот, која прво ќе ги поврзе Будимпешта и Белград, а подоцна Ниш и Прешево, јави дописиникот на МИА од Белград.

-Разговаравме за продолжување на брзата пруга кон Ниш, а подоцна и кон македонската граница. Се договоривме заеднички да потпишеме една иницијатива и да испратиме покана до министрите за транспорт на Турција, Бугарија, Северна Македонија, Албанија и Грција и да разговараме за продолжување на брзата железница кон Албанија, односно преку Северна Македонија кон Грција и преку Бугарија кон Истанбул, така што брзата железница навистина би имала смисла и ќе ги поврзе нашите две земји со турскиот и грчкиот брег за патнички и карго сообраќај, изјави Весиќ на новинарите по средбата со Јанош.

Весиќ посочи дека оваа иницијатива се совпаѓа со иницијативата Отворен Балкан (ОБ) и дека, кога станува збор за железничкиот сообраќај, може да биде еден вид „Отворен Балкан плус“.

-За нас е важно да се поврземе со Скопје и Тирана, Солун и Истанбул, важно е и за Унгарците, бидејќи железницата ќе се користи за превоз на стоки, а не само за патничкиот сообраќај, рече Весиќ и додаде дека пругата има логична смисла по изградбата до Прешево да продолжи кон југ.

-Верувам дека тоа е во интерес и на ЕУ, која сака европскиот континент да биде поврзан, Грција е членка на ЕУ и ние ќе влеземе во ЕУ. На последниот состанок на ОБ имаше и претставници на Турција и Унгарија, а се огласија и претставници на Грција.

ОБ станува се позначајна иницијатива, а тие и другите соседни земји кои не можат да станат членки, бидејќи се веќе во ЕУ, бараат да бидат набљудувачи, бидејќи гледаат потенцијал во тој процес. Ова е како ОБ плус, објасни Весиќ.

Унгарскиот министер Јанош Лазар на новинарите им рече дека Унгарија е заинтересирана за продолжување на брзата пруга јужно од Белград, во три правци, преку Бугарија во правец кон Турција и преку Македонија во правец кон Грција, односно кон Албанија, да ја прошири мрежата на брзи железници и на овој начин стоката со железница значително полесно може да се транспортира во ЕУ.

МИА/Фото: Унсплеш

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Министерство за труд и социјална политика вработува 10 службеници

Редакција

Прекршителите на ковид-мерките амнестирани

Редакција

(Видео) Бојко Борисов хит на социјалните мрежи: „Не кашлај“

Редакција