еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Македонските граѓани без ПЦР тест од денеска само во Косово, не и во Србија, Црна Гора и БиХ

Граѓаните на Република Северна Македонија нема да можат да патуваат во Србија, Црна Горна и Босна и Херцеговина без приложување на негативен ПЦР тест, соопшти синоќа Владата.

-Владата на Република Северна Македонија ги известува граѓаните дека согласно влошувањето на состојбата со Ковид-19 пандемијата во регионот и големиот број на нови позитивни случаи, влезот на македонски граѓани во Србија, Црна Гора и Босна и Херцеговина нема да биде дозволен без приложување негативен ПЦР тест, кој не е постар од 48 часа од моментот на влез во овие земји, се наведува во владиното соопштение.

Можноста за влез на македонски државјани во Косово без ПЦР тест останува, но Владата апелира до граѓаните да не патуваат надвор од земјата доколку немаат неодложна потреба за тоа.

Владата и здравствените власти, согласно новонастанатата епидемилошка состојба во регионот, во деновите кои следат ќе ја ревидираат одлуката за влез на државјани на Косово, Србија, Црна Гора и Босна и Херцеговина во Северна Македонија, без ПЦР тест.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Одлуката важи од 12 октомври: Без ПЦР-тест ќе може да се патува во Србија, Косово, Црна Гора и БиХ

Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Меѓу нив и актерот Тони Михајловски: ВМРО-ДПМНЕ објави уште 19 кандидати за градоначалници

Редакција

СЗО: Засега нема докази дека некои здравствени инциденти се поврзани со вакцината на АстраЗенека

Редакција

За приведените две лица за нападот на градоначалникот на Арачиново се претпоставувало дека се поврзани

Редакција