еМагазин
Image default
Локално ТОП СТОРИИ

Поголем фокус на наставата по забраната на мобилните телефони во училиштата во Општина Центар

Градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски информира дека забраната за употреба на мобилни телефони за време на наставата функционира одлично во сите осум основни училишта.

„Забраната за користење мобилни телефони за време на часовите дава резултати. Оваа мерка ја имплементираме две години во основното училиште „Св.Кирил и Методиј” и има бенефит. Учениците, целосно се посветуваат на учењето и се подобрува квалитетот на образовниот процес.

Со препораките коишто ги прифатија сите осум основни училишта во Центар обезбедуваме подобри услови во учењето и придонесуваме за развој на позитивна училишна атмосфера. Со редуцирање на употребата на мобилните телефони за време на часовите, учениците ќе се научат на важноста на личната дисциплина и ќе имаат поголема социјализација со своите врсници,” истакнува Герасимовски.

Општина Центар е првата општина во државата што почна со имплементирање на ваква мерка, а потоа и Општина Аеродром. Препораките за забрана на користење на мобилните телефони се прифатени и во образовниот процес во дел од европските земји.

Во однос на барањето на родителите и од другите општини за забрана за употреба на мобилни телефони во училиштата, министерката за образование и наука Весна Јаневска изјави дека општините се надлежни за училиштата и тие може да донесат одлука за забрана на мобилни телефони за време на наставата.

„Во денешно време може да има и потреба од употреба на такви уреди и при наставата. Па оттука, наставникот, кој е носител на образовната дејност во училницата, ќе одлучи дали децата во тој момент ќе ги користат или нема да ги користат телефоните,“ изјави Јаневска.

Фото: Општина Центар

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ТЕЦ Неготино се присоединува кон ЕСМ

Редакција

„ПМГ Танц Дигитал“ одбележува пет години постоење

Редакција

Приколка од товарно возило усмрти маж во Куманово

Редакција