еМагазин
Image default
Локално ТОП СТОРИИ

Полицијата во Кавадарци доби пристап до 200 безбедносни камери низ градот, поставени од Општината

МВР – ОВР Кавадарци доби директен пристап во современиот мониторинг центар, кој е во состав на Општината.

Овој директен пристап во сопствените простории до системот ќе биде во насока на координирано, брзо и ефикасно работење на полицијата заедно со локалната власт во интерес на јавната безбедност на граѓаните на Кавадарци, велат од Министерството за внатрешни работи (МВР).

„Голема благодарност до градоначалникот и Општината Кавадарци затоа што успеаја овој систем да го создадат сами со сопствени средства и да го споделат со МВР. Со овој систем од над 200 камери кој ќе го имаме во рамки на системот на министерството значително ќе го подигнеме квалитетот на работењето на полицијата,“ изјави министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски.

Тој додаде дека проектите од „Сејф Сити“ како во Кавадарци, ќе бидат ставени во употреба и во Скопје, Куманово и Тетово, а понатаму на целокупната територија.

„Општина Кавадарци ви изминатите пет години инвестираше во Сајф Сити град со поставени над 220 камери на територијата на Кавадарци со цел заштитување на урбаната опрема од појави како хулиганство. Таа цел ја постигнавме и надминавме.

Истите камери со меморандум за соработка ги префрламе на ОВР Кавадарци каде полиција ќе делува првентнтивно во заштита на безбедноста на жителите на Кавадарци. Со поставување на камерите, криминалитетот последните четири години е во драстичен пад, а огромен број од откриените кривични дела се откриени заради присуството на камерите“, нагласи градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев.

Фото: МВР

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Ќе има ли предвремени парламентарни избори: Раководствата на СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ одлучуваат што по референдумот

Редакција

Шест држави го изгубија правото на глас во Генералното собрание на ОН

Редакција

Годинава е планирано дополнително задолжување на државата од 600 милиони евра

Редакција