еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Приведен сопственик на кабаре од Куманово, затекнат како од возило внесува противпожарни апарати во клубот

По преземени мерки и активности, а во рамки на најавените контроли во ноќните клубови и кабареа, полициски службеници од Секторот за внатрешни работи (СВР) Куманово го затекнале Т.В. (58) од Куманово, сопственик на кабаре од Куманово, како од неговото паркирано возило пред кабарето изнесува противпожарни апарати и ги внесува во клубот, информираа од Министерството за внатрешни работи.

Веднаш потоа, полициски службеници од СВР Куманово извршиле контрола во објектот и биле пронајдени и одземени пиротехнички средства.

Лицето било лишено од слобода и во полициска станица, во присуство на адвокат, со него бил извршен службен разговор, а од инспектор за заштита и спасување издадени се прекршочни платни налози и издадено е решение за забрана за работа до отстранување на неправилностите.

За настанот бил известен јавен обвинител.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Список на ноќни клубови низ Македонија кои поседуваат лиценца

Илчо Гоцевски од Кочани, возачот на Брза Помош кој почина, 11 пати возел до Скопје кобниот ден

(Вознемирувачко) Страшни сцени: Нова снимка од пожарот во дискотеката во Кочани

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Самит ЕУ-Западен Балкан: Потпишан договор за намалување на цените на роаминг меѓу ЕУ и регионот

Редакција

Макпетрол ќе дели дивиденда

Редакција

Прва тужба поради родова дискриминација во спортот: Повредени правата на женските боречки клубови

Редакција