Впечатливата балетска претстава „Дамата со камелии“, ќе се изведе на 7. март со почеток во 20.00 часот на сцената на Националната опера и балет.
Оваа драматична и раскошна претстава е работена по музиката на Џузепе Верди, а драматуршката подлошка е земена од неговата популарна „Травијата“.
Претставата ќе се изведе под диригентската палка на гостинот од Ерменија, Едуард Амбарцумјан, кореографијата е на еден од водечките руски кореографи Василиј Медведев, кој работи со големите театри „Бољшој“ од Москва и „Марински“ од Санкт Петербург, раскошната сценографија и костимографија се на Павол Јураш од Словачка, концерт-мајстор е Верица Ламбевска.
Во главните улоги на Маргарита и Арманд ќе настапат Марија Кичевска Шокаровска и Франциско Хименес Руиз (Шпанија), балетскиот ансамбл и оркестарот на Националната опера и балет.
„Не е првпат тажната приказна во „Дамата со камелии“ да ги инспирира кореографите. Заедно со костимографот и сценограф, Павол Јураш, сакав претставата да ја направиме класична, традиционална, но и наша оригинална, различна од другите,“ вели кореографот Василиј Медведев.
Промотивна објава