еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Бугарско МНР: До крајот на француското претседателство нема услови за конечно решение на прашањето за Македонија

Министерството за надворешни работи на Бугарија во соопштение за предлогот на француското претседателство со ЕУ, бара парламентарната Комисија за надворешнма политика веднаш да свика состанок со учество на ова министерство на кој ќе се разговара за сите достапни документи за Северна Македонија за да се формулира заедничка бугарска позиција со цел да се утврдат следните дејствија на бугарската дипломатија.

Како што јави дописникот на МИА од Софија, во документот се прецизира дека доколку тоа не се случи што е можно поскоро, бугарското Министерство за надворешни работи ќе има мандат само да се придржува до Рамковниот став, Декларацијата на Парламентот од 2019 година и до заклучоците на Советодавниот совет за национална безбедност од 2022 година.

Во документот се забележува дека нивната содржина не соодветствува целосно со „францускиот предлог“.

Од Министерството за надворешни работи на Бугарија појаснуваат дека врз основа на документите предложени од француското претседателство и извештајот на Министерството за напредокот на преговорите и фазата постигната во нив, нацрт-билатералниот протокол е испратен до Комисијата за надворешна политика, заедно со писмо во кое се објаснува неговата содржина, но оти по 19 часот во петокот немаше кој да ги однесе овие документи во канцеларијата на Народното собрание на Бугарија.

Од Министерството појаснуваат дека бараниот нацрт-протокол може да го достават и денеска, недела.

Во соопштението за медиумите се вели и дека во оваа фаза повеќе не постои објективна можност да се исполнат краткорочните критериуми утврдени во Рамковната позиција до крајот на француското претседателство со Советот на ЕУ, кое истекува на 30 јуни.

МИА/Фото: бугарско МНР

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Рашковски нуди половина милион евра за да излезе од притвор, Вишото обвинителство прифаќа

Редакција

Здружението на преведувачи и толкувачи: Остро се спротиставуваме на негирањето на македонскиот јазик од страна на официјални лица од Бугарија

Редакција

Тенизично и на денешното судење за несреќата кај Ласкарци, конечно сведочеше вештакот Зекири

Редакција