еМагазин
Image default
Балкан ТОП СТОРИИ

Албанија најави дека ќе ги укине сите царински такси за Косово

Албанскиот премиер Еди Рама изјави дека Албанија ќе ги укине сите царински такси за увозот од Косово, почнувајќи од земјоделските производи, јави дописникот на МИА од Приштина.

За време на неговата посета на фабрика за производство на брашно во Ораховац, Рама изјави пред медиумите дека Албанија не сака „еден Отворен Балкан без такси, а во него да не биде опфатено и Косово“.

– Ние напрвивме план за укинување на таксите и ќе ги укинеме целосно. Би сакале тоа да биде билатерално со Косово, но ние секако ќе го направиме. Тие побараа повеќе време за да анализираат, но ние ќе ги укинеме таксите за сé што доаѓа од Косово…

Од друга страна, тоа треба да го направи и Косово, но доколку на косовската влада ѝ треба повеќе време за да простудира, ние тоа секако ќе го направиме. Затоа што ние не сакаме да имаме еден Отворен Балкан без такси, а во него да не биде опфатено и Косово. Тоа е бесмислено, изјави Рама.

Албанскиот премиер допатува вчера во Косово поради денешната заедничка седница на косовската и албанската влада, што ќе се одржи во Приштина. Ова е осма заедничка седница на владите на Косово и Албанија, а првата беше одржана во јануари 2014 година во косовскиот град Призрен.

МИА/Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Германија не се откажува од рускиот гас, Киев обвинува дека европските земји ја финансираат војната против Украина

Редакција

Кривичен им одреди притвор на осум лица, од кои шест се на возраст меѓу 18 и 22 години за настаните пред Собрание

Редакција

Роберт Милошески е првиот Австралиец со македонско потекло, избран за советник во Равенсторп

Редакција