Владимир Туфегџиќ, адвокатот на таткото на Вања Ѓорчевска, осомничениот Александар Ѓорчевски, по денешното рочиште изјави дека не постојат аргументи и докази против неговиот клиент.
Ѓорчевски денеска сведочеше за првпат.
Адвокатот истакна дека Ѓорчевски дал јасен опис на постапките на полициските службеници, потврдувајќи го недостатокот на унифицирани стандарди за постапување во вакви случаи, нагласувајќи ја тортурата врз неговиот клиент.
Нагласи дека исказот даден денеска е скратена верзија, додека поопширната е доставена до Јавното обвинителство, но суштината останува иста.
„Она на што тие одат дека се аргументи и докази, не можат да бидат докази и аргументи во кривична постапка. Реален доказ против Александар не е изведен. Оставам на совеста на Јавното обвинителство понатаму како ќе одлучи, а секако конечната одлука ќе ја има судот,“ дополни тој.
Судењето продолжува во петок, кога се очекува да сведочи и првообвинетиот Љупчо Палевски Палчо.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ