еМагазин
Image default
БАШ НИ Е ЌЕФ

Реализирана донацијата од 2 милиони денари за Клиниката за хируршки болести „Св. Наум Охридски“ Скопје од Спорт Лаиф обложувалници

Спорт Лаиф обложувалници успешно ја реализираа донацијата од 2 милиони денари за обнова на Одделот за абдоминална хирургија на Клиниката за хируршки болести „Св. Наум Охридски“, информираат од таму.

Проектот, опфати комплетно реновирање на делот за постоперативна нега на пациентите на површина од скоро 400 м2.

Обновата вклучуваше поставување на нови подови и тавани, како и целосна модернизација на електричните и санитарните инсталации во болничките простории. Со оваа интервенција, капацитетот на одделот е зголемен за 4 легла, со што сега одделот може да обезбеди соодветни услови за постоперативно лекување на 28 пациенти.

„Спорт Лаиф обложувалници се гордеат што имаат можност да дадат придонес во подобрувањето на условите за здравствена грижа во нашата заедница. Веруваме дека оваа донација значително ќе го подобри квалитетот на услугите што ги добиваат пациентите во одделот за абдоминална хирургија и ќе придонесе за нивното побрзо закрепнување“, истакнува Петар Поцков, маркетинг директор на Спорт Лаиф.

„Со поддршката на Спорт Лаиф Треид и нивната значајна донација, го реновиравме делот за постоперативна нега, овозможувајќи пристојни услови за третман и нега на хируршките пациенти.

Проектите за реновирање и подобрување на условите за лекување по повисоки стандарди и понатаму претставуваат предизвик за во иднина. Во име на сите вработени, искрено ја изразуваме нашата благодарност кон Спорт Лаиф за оваа значајна поддршка“, изјави д-р Небојша Настов, в.д. директор на Клиниката за хируршки болести „Св. Наум Охридски“.

Спорт Лаиф обложувалници остануваат посветени на својата мисија за поддршка на заедницата преку проекти кои имаат реално и позитивно влијание врз животите на луѓето, посочуваат од таму.

Во пресрет на новогодишните и божикните празници, традиционално, од страна на тимот на Спорт Лаиф, беа израдувани со новогодишни подароци, децата во ЈУ Детски дом „11 Октомври“ – Скопје и лицата од Здружение регионален центар за лица со интелектуална попреченост „Порака наша“, Куманово.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Нијагарините водопади и „Си-ен“ кулата во Торонто ќе бидат осветлени со боите на македонското знаме 

Редакција

(Фото) 30 години дипломатски односи: Денови на Холандија во Ист Гејт Мол

Редакција

Компанијата дм дрогерие маркт донираше 50 инфузиони пумпи во вредност од 53.000 евра

Редакција