еМагазин
Image default
БАШ НИ Е ЌЕФ ТОП СТОРИИ

(Галерија) Отворен „Заливот на пингвините“ во скопската Зоолошка градина

Градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов и директорот на Зоолошката градина во Скопје, Ѓорѓи Галетановски, го отворија пингвинариумот – новото живеалиште на пингвините во ЗОО, кој е наречен „Заливот на пингвините“.

„Со пуштањето во употреба на пингвинариумот на едно место ги имаме двата најегзотични и најпопуларни видови на птици – фламинга и пингвини кои за првпат се жители на нашата Зоолошка градина.

Пингвинариумот е составен од внатрешен дел со затворен базен, надворешен базен од 180 метри квадратни, подземен дел со филтри и пуми за вода, како и тераса од 120 метри квадратни.

Направен е и мал зелен кров за да се заштеди на електрична енергија. Граден е по светски стандарди и со идеални услови за овие јужноамерикански пингвини кои најлесно се адаптираат на нашата клима“, рече Шилегов.

Тој додаде дека Градот Скопје ја финансираше изградбата на двете живеалишта за фламинга и пингвини кои заедно чинат околу 17,7 милиони денари денари, или околу 8,84 милиони по живеалиште.

„Градот Скопје и Зоолошка градина работат на поставување нови стандарди на квалитет и поголема благосостојба на животните, а оттаму и во иднина ќе бидат подобрувани просторните услови на живеалиштата“, кажа Шилегов.

Исто така, Градот и ЗОО во континуитет работат и на едукација на посетителите, но и на облагородување на просторот со нови атрактивни содржини кои привлекуваат се поголем број посетители од кои голем дел се странски туристи.

Со пуштањето во употреба на пингвинариумот на едно место ги имаме двата најегзотични и најпопуларни видови на птици – фламинга и пингвини, кои за првпат се жители на нашата Зоолошка градина, велат од таму.

„На пингвинариумот направен е и мал зелен кров за да се заштеди на електрична енергија. Граден е по светски стандарди и со идеални услови за овие јужноамерикански пингвини кои најлесно се адаптираат на нашата клима. Идејниот проект е на архитектката Ивана Костовска.

Деветте пингвини се од видот хамболт- живеат во топлите краишта на Чиле, Аргентина и Еквадор.Во Скопје Зоо пристигнаа три пингвини од Италија и шест од Русија. Најмладиот пингвин е роден во 2020, а највозрасните два во 2014,“ велат од ЗОО Скопје.

Фото: Град Скопје

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Мапа) Над 100 јавни објекти во Скопје се греат на мазут и на нафта за домаќинство, велат од “Шанса за Центар“

Редакција

На неколку часа исчезна бизнисменот Штерјо Наков, па беше пронајден во Орешани

Редакција

Македонија останува во зелената категорија за патување на Кипар

Редакција