еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Реплек отвори нов пазар за своите фармацевтски производи

Реплек АД Скопје го отвори пазарот на Туркменистан со реализација на првиот извоз на фармацевтски производи од своето портфолио во оваа азиска земја, информираат од таму.

Со ова дополнително е зајакнат извозниот потенцијал на компанијата, која 75% од своето производство го пласира на странските пазари. Во иницијалната година од настапот на туркменистанскиот пазар се пласирани дури 30 производи од фармацевтското портфолио на Реплек, со очекувања за приходи од продажба од околу 1 милион евра

„По исклучителниот успех кој Реплек го постигна во 2023 година, отворањето нов извозен пазар е потврда за капацитетот на компанијата и за реализацијата на нашите амбициозни деловни цели. Дотолку повеќе што пазарите во овој дел на Азија, каков што е и туркменистанскиот, се особено специфични, но имаат огромен потенцијал.

Горди сме на овој нов успех на извозниот тим на Реплек, што докажува дека инвестициите во модернизација на производството и новата компаниска култура и енергија не е препознаен само дома, туку и на странските пазари“, истакна Душан Пецовски, генерален директор на Реплек.

Инаку, најновите податоци за остварените приходи од продажба во фармацевтскиот сегмент на компанијата во првиот квартал на 2024 година покажуваат раст од 26.9% во однос на истиот период во 2023. Приходите од извоз се пораснати за 23%, додека приходите од продажба на домашниот пазар за 50%, споредено со првиот квартал лани.

Според последните предвидувања за 2024 година, на годишно ниво се очекува вкупна продажба од 31 милион евра или 23.5% раст на приходите од продажба во однос на 2023.

Реплек АД со своето портфолио производи е присутен на пазари во земји членки на ЕУ, Југоисточна Европа, ЗНД, Југоисточна Азија, Африка и Блискиот Исток. Компанијата е посветена на инвестиции и модернизација, со посебен фокус на фармацевтскиот сегмент и зајакнување на позициите на портфолиото на странските пазари, велат од таму.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Реплек со највисока дивиденда од сите компании кои котираат на Берзата

„Реплек АД“ продолжува со амбициозниот развој – преземени ексклузивните права за маркетинг и дистрибуција на познатиот британски бренд HealthAid Limited UK за Адрија регионот

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Топ пет професии со најголем пораст на просечната плата

Редакција

Бугарија и се заканува на Србија со ЕУ, оти Дачиќ вели дека ако нема Срби во Бугарија, нема ни Бугари во Србија

Редакција

Мицкоски се сретна со опозициските партии за референдумот за името

Редакција