Уставен суд ги укина измените на Законот за облигацините односи, со што рокот на застареност на побарувањата на доверителите останува десет години
Судот донесе одлука со која ги укина членот 2 и членот 4 од Законот за изменување и дополнување на Законот за облигационите односи, па согласно одлуката, ќе се применува стариот Закон за облигациони односи.
Претходно, македонското Собрание со измените на Законот за облигационите односи, го скрати рокот на застареност на побарувањата на доверителите од десет на пет години, овозможувајќи му на законот ретроактивно дејство.
Фото: Уставен суд
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.