еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Синот и снаата на Стевчо Јакимовски наместо Извод на венчани, добиле Извод на умрени

Синот и снаата на градоначалникот на Општина Карпош и претседателски кандидат, Стевчо Јакимовски, наместо Извод на венчани добиле Извод на умрени.

„Денот кога била правена нивната свадба е ставен како ден на нивната смрт. Можете ли да замислите овие млади луѓе, секоја година на што ќе ги потсетува годишнината од нивната свадба и во каков шок сега се наоѓаат?“, изјави денеска на прес-конференција Јакимовски.

Тој додаде дека целата наша администрација е наполнета со партиски кадри и ова е дополнителна причина зошто тој се кандидирал за претседател на државата.

Управата за водење на матични книги му се извини на Јакимовски, откако направиле увид и утврдиле пропуст.

„Административниот службеник, вработен во Управата за водење на матични книги – Подрачно одделение Скопје во краток рок ќе биде санкциониран согласно Законот за административни службеници. Јавно се извинуваме на семејството на градоначалникот на Општина Карпош г-дин Стевчо Јакимовски за немилиот настан“, велат од Управата.

Фото: Општина Карпош

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Велешанец претепал сограѓанин, кој починал од здобиените повреди

Редакција

(Видео) Владимир Путин се нурна во ледена вода за Водици

Редакција

Бугарски историчари и филолози пред празна сала во Европарламентот ја претставуваа „Вистината за Македонија“

Редакција