Завчера во скопско Ѓорче Петров скопјанец грабнал познаник за долг од 20.000 денари.
Со употреба на насилство и закани го терал познаникот да му даде 8.000 денари и мобилен телефон, вреден 12.000 денари.
Осомничениот е лице на возраст од 56 години, кој на 8. февруари околу 1:30 часот по полноќ, додека оштетениот спиел дома, со сатар ја скршил влезната врата од неговиот дом, насилно ја отворил и влегол внатре.
Како што информираа од Основното јавно обвинителство, со закани дека ќе го убие, го удрил оштетениот со сатарот по главата, градниот кош и грбот, го присилил да се облече и го одвлекол до својот дом.
Таму го заклучил и го држел присилно да не избега, постојано заканувајќи му се дека ќе го убие ако не му го врати долгот.
Околу 5:30 часот кога осомничениот заспал, грабнатиот ја искористил приликата, го зел клучот и избегал, по што веднаш го пријавил настанот.
Обвинителството побара притвор за осомничениот, а истиот се товари за кривичното дело – Грабнување.