Машкото здравје е во фокусот на настанот „Пуштам БРК, БРКам здравје“ во организација на dm дрогерие маркт кој ќе се одржи денеска во Градскиот парк во Скопје, информираат од таму.
Ентузијастите кои веќе се пријавија ќе возат две велосипедски рути од 100 километри и од 3,5 километри, но сите заинтересирани ќе можат да дадат поддршка за важноста на оваа тема со активноста на статични велосипеди пред Школка.
На овој простор ќе бидат позиционирани статични велосипеди кои секој посетител ќе може да ги вози, а целта е сите заеднички преку вртење на педалите да исцртаме еден голем мустаќ на голем екран и се даде поддршка за оваа кауза.
Водител на севкупната активност ќе биде актерот Игор Ангелов, кој ќе ги мотивира и охрабрите Movember поддржувачите. Секој што ќе учествува ќе добие бројче, а по настанот ќе се одржи и извлекување на кое најсреќните ќе добијат подарок.
Дополнително, сите присутни ќе имаат можност да дегустираат вкусни и органски dmBio закуски подготвени од Симона Коруновска – instanutricionist. Воедно, ќе има и посебно катче каде секој ќе може да ја среди брадата или мустаќите со искусен бербер!
Од компанијата порачуваат дека без разлика дали пуштате мустаќи или едноставно започнувате разговор, важно е да се вклучите во овој настан за сите заедно да помогнеме да се скрши стигмата околу машкото здравје и да се создаде иднина каде што мажите живеат поздрави и подобри животи.