еМагазин
Image default
ЖИВОТ

Наташа Апостолоска апелира предметот за сообраќајната несреќа кај „Млечен“ да не се политизира

Наташа Апостолоска од Тетово, апелира предметот за сообраќајната несреќа кај „Млечен“ да не се политизира.

Овој случај стана актуелен откако таа пред една недела обелодени дека судијката Елена Илиевска Јосифовиќ условно го осуди возачот кој удри во моторот, на кој се возеа Апостолоска и нејзиниот сопруг Гоце. Притоа, животот го загуби нејзиниот сопруг, како и бебето, бидејќи Наташа кога се случи сообраќајната несреќа беше бремена.Таа се здоби со тешки телесни повреди.

Апостолоска инаку поднесе преставка до Судски совет за судијката Илиевска Јосифовиќ, бидејќи како што изјави „одлуката на судиката била пристрасна“ и додаде дека воопшто не се ценеле доказите.

Со претставка, Димитриевска се обрати и до Советот на јавни обвинители со која ќе бара преиспитување на постапувањето на обвинителката Снежана Бундалевска, која го водеше предметот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Апостолоска за сообраќајката кај „Млечен“: Возачот не ни пријде за помош, само се јавуваше по телефон

Наташа Апостолоска ги „запали“ социјалните мрежи: Условна казна доби оној кој ми го одзеде сопругот, бебето и мене ме остави со тешки телесни повреди

Која е судијката Елена Илиевска-Јосифовиќ која донесе условна казна за обвинетиот за сообраќајката пред „Млечен“

Сите детали: Македонија згрозена од пресудата за сообраќајката пред „Млечен“

Фото: Твитер/Апостолоска

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Доктор Даниловски: Зошто упорно се инсистира на две дози кај прележаните, во кои студии е напишано дека нивниот имунитетна трае 45 дена

Редакција

За викендот врнежи од дожд, на југот поројни со грмежи и силен ветер

Редакција

Фондацијата „Сончоглед“ од Албанија донираше опрема и апаратура за децата болни од рак

Редакција