еМагазин
Image default
НАША ТЕМА ТОП СТОРИИ

Сите детали: Македонија згрозена од пресудата за сообраќајката пред „Млечен“

За страотната сообраќајна несреќа пред Млечениот ресторан во Скопје во 2018 година во кој животот го загуби едно лице, а неговата бремена сопруга го загуби плодот и се здоби со тешки телесни повреди, Кривичниот суд вчера изрече условна казна за обвинетиот, што предизвика лавина од негативни реакции во јавноста и на социјалните мрежи.

Останува да се види како за пресудата која ја израче судијката Елена Илиевска Јосифовиќ ќе реагира Основното јавно обвинителство и дали ќе ја обжали истата.

ФАМИЛИЈАТА ГНЕВНА И РАЗОЧАРАНА

Обвинетиот Васил Ч. ја признал вината, соопшти на Твитер сопругата на починатиот Гоце Димитриевски, Наташа Апостолоска.

Образложението на судијката било дека обвинетиот ја признал вината и пред судот не се бранел дека е невин.

Со потресна реакција на Фејсбук се јави и таткото на починатиот Димитриевски.

„Пријатели. Сакам да ве известам дека денес се донесе пресуда за смртта на мојот син кој загина пред две години во сообраќајка. Неговата сопруга бремена го изгуби плодот и се здоби со тешки телесни повреди. Пред да ја каже судијката пресудата ме известија дека каква и да биде пресудата да останеме смирени, бидејќи може да бидеме казнети.

Судијката со многу очај кажа дека ѝ било многу тешко да ја донесе оваа пресуда. На сите отежителни и олеснителни околности, пресудата гласеше не е виновен и ќе биде две години условно осуден.

Ние ќе бидеме казнети ако негодуваме, а тој што одзеде животи и уништи животи на фамилии си е слободен? Тоа е нашето судство, обвинителство и цел синџир на судски заврзлами. Сега нека пресуди народот кое судство и која правна држава имаме“, напиша таткото на починатиот.

PRIJATELI Sakam da ve izvestam deka denes se donese presudata za smrta na mojot sin koj zagina pred dve godini vo…

Posted by Zoran Pioneer on Петок, 04 септември 2020

ШТО ОБЈАВИ МВР ЗА СООБРАЌАЈКАТА

Како што објавија медиумите во 2018 година, несреќата се случила откако возач на џип преминал преку двојна полна лента на булеварот Теодосиј Гологанов, пресекувајќи им го патот на патниците на моторот.

Во билтенот на МВР стои дека околу 16.00 часот на булевар „Митрополит Теодосиј Гологанов“ во Скопје се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „Цитроен Крузер“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од В.Ч.(61) од Скопје и моторцикл „Дукати“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од Г.Д.(32) од Тетово.

Во незгодата се тешки телесни повреди се здобиле возачот на мотоциклот и сопатникот Н.Д.(31) од Тетово.

Со возило на Итна медицинска помош биле пренесени во Ургентен центар при комплексот клиники „Мајка Тереза“, каде им била укажана лекарска помош. Околу 17.30 Г.Д. им подлегнал на повредите, додека Н.Д. е задржана на лекување и се наоѓа во животна опасност.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Наташа Апостолоска ги „запали“ социјалните мрежи: Условна казна доби оној кој ми го одзеде сопругот, бебето и мене ме остави со тешки телесни повреди

Која е судијката Елена Илиевска-Јосифовиќ која донесе условна казна за обвинетиот за сообраќајката пред „Млечен“

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Видео+фото) еМагазин на островот Кеа – портата на Кикладите

Петре Димитров

Затвореник во КПУ Идризово позитивен на Ковид – 19, во изолација десет затвореници

Редакција

Кој е Цар Фердинанд по кој е именуван третиот бугарски клуб

Редакција