еМагазин
Image default
ЖИВОТ

Судијката Наташа Габер Дамјановска: Најбрутално ќе ме изгазеше возач кој претекнуваше други возила со огромна брзина на самиот пешачки

Судијката и директорка на Академијата за судии и јавни обвинители, Наташа Габер Дамјановска, на Фејсбук сподели потресно искуство со кое уште еднаш укажа на опасноста од дивеењето по скопските улици, низ кои возат, потенцијални убијци.

„Драги ФБ пријатели, морам да ви соопштам дека пред еден час ќе бев мртва!!!! Најбрутално ќе ме изгазеше возач кој претекнуваше други возила со огромна брзина на самиот пешачки пред молот Рамстор.

Возилата доаѓаа од страната на Макпетрол, првите од нив подуспорија пред пешачкиот премин, а овој, спорниот, нестрплив, ги претекнуваше како да се наоѓа на авто трки. Да не изреагирав брзо да избегам ќе беше фатално, за влакно го доптретрчав преминот и се спасив, шинувајќи си ја ногата.

Црвено возило, ново, скопска регистрација со бројот четири на регистрацијата и можеби тројка. Толку бев во шок (и се уште сум) што не успеав да видам добро други карактеристики.

Апелирам на ваквото возење низ градот да се стави крај. Како граѓанин барам најстроги казни за брзо возење. Да се постават камери и без пардон казните да се извршуваат. Денес јас преживеав, друг ден, друго лице можеби не. Доста со неизживеани и примитивни.

А, да, и да се стави семафор таму, кај двата пешачки премина, бидејќи навистина е небезбедно. Не треба да се случи нешто несакано за да се интервенира. Превенција!!!,“ вели Габер Дамјановска во нејзинито пост на Фејсбук.

фото: Фејсбук/Наташа Габер Дамјановска

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

УХМР: Од утре локални поројни дождови

Редакција

Проф. Трајковски: Ковид-19 но и секој вирус никогаш не исчезнува, туку продолжува да циркулира без поголеми избувнувања цело време на дадена територија

Редакција

Парацетамолот не е безопасен: Може да го оштети црниот дроб и да предизвика зависност

Редакција