еМагазин
Image default
ЖИВОТ ТОП СТОРИИ

Проф. Трајковски: Ковид-19 но и секој вирус никогаш не исчезнува, туку продолжува да циркулира без поголеми избувнувања цело време на дадена територија

Велигденско-бајрамскиот мини-врв на преносливоста е веќе зад нас и ефективниот репродукциски број Rt постепено се намалува кон единица (на првиот дијаграм), вели во најновата ковид-анализа проф. Дејан Трајковски.

„За среќа, Rt не остана долго над единица, па немаше време дневните бројки на новодијагностицирани значително да порастат.

Моментално се наоѓаме во режим на стабилен раст на вкупниот број на случаи, односно приближно константни дневни броеви на нови случаи (зелената и портокаловата линија на вториот дијаграм).

Рамниот тренд можеби најдобро се гледа на третиот дијаграм, за 7-дневната и 14-дневната подвижна средина на дневниот број на случаи. Двете криви се преплетуваат, што укажува на отсуство на тренд.

Нема експоненцијален раст, но нема ни стабилно експоненцијално намалување.

Исто така, стапката на позитивни тестови (на четвртиот дијаграм) сé уште се зголемува, што секако претставува негативен показател. Единствен позитивен индикатор претставува дневниот број на починати (на петиот дијаграм), којшто се устали на малку под еден починат дневно на ниво на цела држава.


Поучени од развојот на настаните од минатата година, логично е да очекуваме намалување на заразувањето, а дневниот број на нови случаи да се намали до ниво на спорадично заразување, односно околу 25 случаи дневно.

Но, да не испуштаме од предвид дека минатото лето имавме макар минимални мерки во сила, односно носење маски во затворени простории, освен – се разбира – во кафеаните. Сега ја немаме ни таа мерка, па можно е бројот на спорадични случаи да биде поголем од 20-25 дневно.

Ќе почекаме 2-3 недели, доволно да се оддалечиме од овој празничен скок на преносливоста, за да извлекуваме подолгорочни заклучоци. Да не заборавиме дека новите потсоеви BА4 и BA5 на омикрон сојот веќе пристигнаа во Европа и полека започнаа да се шират.

Кон ова треба да се додаде уште дека имунитетот против заразување само од прележување (но и само од вакцинирање), после 4 месеци од врвот на бранот на омикрон сојот веќе бледнее. Тоа ќе предизвика многу од прележаните лица одново да станат сусцептбилни (чувствителни, подложни) на реинфекција.

Овој факт, заедно со укинувањето на мерките и отсуството на секаква грижа кај населението може да доведе сегашниот приближно константен број на новозаразени од околу 80-на дневно (секако поднамален поради летото) и бројот на активни случаи од неколку стотици да продолжи уште долго време, можеби дури до доаѓањето на есента или до пристигнувањето на новите потсоеви BА4 и BA5.

Тоа е она што се нарекува ендемија – вирусот никогаш не исчезнува, туку продолжува да циркулира без поголеми избувнувања цело време на дадена територија. Но, да почекаме уште еден месец и ќе знаеме подобро,“ пишува Трајковски на Фејсбук.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Проф. Трајковски за зголемување на ковид-бројките: Високата стапка на прележаност и вакцинираност, не би требало да дозволат големо избувнување, барем не до есента

Фото: Трајковски/Фејсбук

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Која е Хамас, која го нападна Израел

Редакција

Беќаровски: Прашање на денови е кога смртта од Ковид-19 ќе завладее по улиците, болниците се преполни

Редакција

Матичните лекари заборавени за зголемување на платите: Ја понесоа тежината од ситуацијата со корона вирусот и сами си купуваа заштитна опрема

Редакција