еМагазин
Image default
ЖИВОТ

Парацетамолот не е безопасен: Може да го оштети црниот дроб и да предизвика зависност

Кај главоболки или забоболки многумина посегнуваат по лекови против болки, како парацетамол. Но, откриено е дека овој лек не само што ја намалува болката, туку дејствува и врз психата, пишува „Дојче веле“.

Многумина кои на своја рака консумираат високи дози парацетамол, не се свесни за можните нуспојави и последици. Во многу домови парацетамол може да се пронајде во домашната аптека.

Овој лек, освен против болки, дејствува и врз снижување на телесната температура и затоа често им се дава и на деца, пишува Дојче веле.

Меѓутоа, парацетамолот во никој случај не е безопасен, вели Герхард Милер-Швефе од Центарот за палијативна медицина Гепинген.

„Парацетамолот може да го оштети црниот дроб, што е посебно опасно кај деца, кај кои лесно може да се пречекори допуштената дневна доза“, вели овој лекар.

Според него, прекумерна доза може многу брзо да доведе и до откажување на работата на црниот дроб.

„Црниот дроб поминува низ запаление, зашто штетните состојки не можат да бидат исфрлени од организмот, што доведува до имунолошка реакција. Тоа води кон запаление на дробот и што повеќе клетки во дробот се уништени низ овој процес, состојбата станува подраматична“, истакнува Милер-Швефе.

Парацетамолот може со време да создаде и зависност.

„Долго време не беше познато дека парацетамолот дејствува во централниот нервен систем, односно во мозокот и рбетниот мозок, каде лекот делува на систем кој е одговорен за контрола на болките“, објаснува Милер-Швефе.

Фото: Унсплаш

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Фото) Запознајте го новиот фитнес модел Ружица Арсовска

Редакција

Велешанецот кој го уби соседот во кавга за вода осуден на 40 години затвор

Редакција

(Фото) Цаноски: Кристијано Роналдо ќе дојде во Македонија

Редакција