еМагазин
Image default
ЖИВОТ

Софијанова: Зголемен е бројот на деца заразени со омикрон сој, кој дава клиничка слика слична на грип

Директорката на Клиниката за детски болести, доктор Аспазија Софијанова потврдува дека е зголемен бројот на деца заразени со сојот омикрон, кој дава клиничка слика слична на грип.

„Не смееме да го потцениме омикрон. Станува збор за манифестации што се горнореспираторни, па ако има и опструктивно хронично белодробие, тогаш може да дојде до симнување на секретот и појава на бронхопневмонија.

Болеста треба да се третира со претпазливост, особено ако станува збор за деца со хронично болно белодробие и со чести респираторни инфекции,“ вели Софијанова за „Слободен печат“.

Таа додава дека кај децата долгиот ковид е уште проблем и честа појава.

„Вчера имавме случај на дете што пред неколку месеци мислело дека има настинка, а сега има симптоми на слепо црево, повраќа и има антитела што се исклучително високи. Кај децата некогаш се случува да го поминат ковид и без да знаат, но потоа се појавуваат проблемите.

Антителата по ковид и имунитетот што се создава, реагира побурно кај децата отколку кај возрасните. Самата реакција и создавањето имунитет создава бурни реакции,“ вели Софијанова.

Од нејзиното учество на многубројни симпозиуми каде што се дискутира за ковид, омикрон и децата, таа вели дека ставот на искусните педијатри и носители на дејности во повеќе европски клиники, што се базира на клинички студии, е дека сите деца над 5 години треба да се вакцинираат и така полесно ќе го поминат омикрон.

„Генерално, децата полесно ќе го поминат Ковид-19 ако се вакцинирани. За нив уште е енигма во постковид фазата, со создаден имунитет. Како ќе се манифестира омикрон, ќе зависи од имунолошкиот одговор на детето и антителата што ќе се создадат. Тешко е да се каже дали тие понатаму ќе направат проблем“, додава Софијанова.

Фото: Фејсбук/Софијанова

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Во декември три нови случаи на ХИВ во Скопје, Струга и Свети Николе

Редакција

(Видео) Трет подвиг летово: Марко Пејчиновски исплива 20 км од Радожда до Трпејца

Редакција

Македонски брачен пар во Брисел за личното искуство со Ковид-19: Вирусот постои, брзо се шири и има штетни последици

Редакција