еМагазин
Image default
Македонија

Бонева со реакција до Обвинителство: Дали имаат отворено постапки против пратеници од власта под исто обвинение

Поранешната пратеничка на ВМРО-ДПМНЕ, Силвана Бонева реагираше на нејзиниот фејсбук-профил откако скопското Обвинителство поднесе обвинителен акт против неа за лажни сметки и патарини, односно за продолжено кривично дело Измама во службата, случај во рамки на предметот „Друмарина“ што го водеше поранешното Специјално јавно обвинителство (СЈО).

„Очигледно е дека Обвинителството воопшто не ги зело во предвид вештачењето и доказите што ги доставив, со кои се побива нивното обвинение. Борбата за вистината и правдата ќе ја водам до крај, ако треба и надвор од македонските институции, со цел оваа тортура и валкање на моите чест и углед да престанат!

Уште од самиот почеток на овој театар наречен СЈО кажав дека ова е политички реваншизам и обид за јавно линчување на дел од поранешното раководство на ВМРО, со цел дискредитирање на Партијата и раздор во единството и сплотеноста на членството, до нејзино комплетно разнебитување.

Зарем мислите дека ако имаше било каков криминал од моја страна дека јас немаше досега да бидам осудена?! Спротивно на законот 2.5 години ја влечеа истражната постапка и не успеаја да најдат апсолутно ништо незаконско и сега и покрај истекувањето на законскиот рок за поведување на постапка, тие продолжуваат!

Во деновите што следат, согласно Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, ќе поднесам барање до обвинителството за тоа дали по допрен глас, пишување на медиуми или кривични пријави, имаат отворено постапки против пратеници од власта под исто обвинение, во која фаза се наоѓат тие и дали имаат поднесено обвинение против некој друг пратеник?,“ вели Бонева.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Обвинение за Силвана Бонева за лажни сметки за патни трошоци

Извор и фото/Фејсбук

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Заев најави средба со Мицкоски за Пописот, ЕУ и СЈО

Редакција

37 се реинфекција: 223 нови случаи на Ковид-19 од 2.365 тестови

Редакција

Објавен оглас за избор на обвинители во повеќе обвинителства, но не и за скопското

Редакција