еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Обвинение за Силвана Бонева за лажни сметки за патни трошоци

Поранешна пратеничка на ВМРО-ДПМНЕ, Силвана Бонева од Струмица е обвинета за продолжено кривично дело Измама во службата, случај во рамки на предметот „Друмарина“ што го водеше поранешното Специјално јавно обвинителство (СЈО).

Таа се товари дека од 2011 до 2015 година до службите во Собранието поднесувала лажни фискални сметки од патарини, како да остварила 904 патувања заради присуство на седници во наведениот период, со што го довела во заблуда овластеното лице во Собранието да изврши незаконита исплата на средства за патни трошоци во значителен вкупен износ од 6.458.551 денари.

-Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен акт против едно лице за продолжено кривично дело – Измама во службата од член 355 став 3 во врска со став 1 и во врска со член 45 став 3 од Кривичниот законик.

Станува збор за предметот во јавноста познат како „Друмарина“ за кој истражната постапка ја водеше Јавното обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите, соопшти Јавното обвинителство.

Обвинетата во периодот од 01.01.2011 до 16.12.2015 година, како службено лице – пратеник во Собранието на Република Македонија, со намера за себе да прибави противправна имотна корист, сторила повеќе временски поврзани дејствија што претставуваат повеќекратно остварување на исто дело, притоа искористувајќи ист траен однос и прилики.

Имено, таа до службите во Собранието поднесувала лажни фискални сметки од патарини, како да остварила 904 патувања заради присуство на седници во наведениот период, со што го довела во заблуда овластеното лице во Собранието да изврши незаконита исплата на средства за патни трошоци во значителен вкупен износ од 6.458.551 денари.

Од почетокот на 2011 година обвинетата имала сместување – станови во Скопје и не патувала за присуство на секоја седница на Собранието на релација од Струмица до Скопје и обратно, а лажните фискални сметки биле обезбедени од други лица кои патувале.

Потоа обвинетата овие фискални сметки ги приложувала кон налозите за службени патувања.

Фото: Фејсбук/Бонева

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Засега нема олабавување на мерките: Ситуацијата е мирна, но вирусот е присутен, велат од Комисијата за заразни болести

Редакција

Бирократско вртење во круг: Леонид засега останува без државна помош за лекувањето во Виена

Редакција

Поствелигденско послание на митрополит Наум: Имаме 99,5% крстени номинални христијани кои не ни одат во Црква

Редакција