еМагазин
Image default
Македонија

Засега нема олабавување на мерките: Ситуацијата е мирна, но вирусот е присутен, велат од Комисијата за заразни болести

Комисијата за заразни болести во согласност со епидемиолошкиот ризик, како и ситуацијата со европските земји ќе продолжи внимателно да ја следи актуелната состојба и доколку постои можност ќе предлага постепено релаксирање на мерките, соопшти Министерството за здравство.

На денешната средба на Комисијата за заразни болести, како што се посочува, беше разгледана актуелната епидемиолошка состојба и се дискутираше во насока на интензивирање на кампањата за вакцинација против Ковид-19, преку пласирање научно проверени информации преку социјални мрежи и медиуми, со цел соодветно да се информира и едуцира јавноста за безбедноста и ефикасноста на вакцините.

Иако е мирна ситуацијата луѓето треба да бидат свесни дека вирусот е присутен, а вакцинацијата е најбезбедниот начин за спречување на тешка форма на болест, хоспитализација и смртен исход, информираат од Министерството.

Фото: МЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Преживеан од автобусот кој изгоре во Бугарија на Заев му кажал дека се слушнала силна експлозија

Редакција

Мијалков пристигна во судот, рочиштето за „Титаник 2“ продолжува

Редакција

Намалување на новите случаи на Ковид-19 за 45,3% во однос на минатата недела

Редакција