еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Преживеан од автобусот кој изгоре во Бугарија на Заев му кажал дека се слушнала силна експлозија

Премиерот Зоран Заев, кој заедно со министрите за здравство и за надворешни работи, е заминат за Софија каде ноќеска се случи тешка сообраќајна несреќа во која загинаа најмалку 45 лица, во изјава за МИА вели дека разговарал со еден од преживеаните, кој го информирал дека се слушнала силна експлозија.

– Во контакт сум со премиерот Стефан Јанев, кој веќе ги посети луѓето. Имав прилика да разговарам со еден од преживеаните. Тој објасни дека спиеле во автобусот кога се слушнала силна експлозија.

Успеале да скршат еден од прозорците и да се спасат неколку луѓе. За жал, другите не успеале.

Се работи за страшна трагедија заради тоа што најмногу се деца – 12 деца се помали од 18 години, а и другите се млади луѓе на околу 20-30 години. Најголем дел се наши граѓани, но има и од Србија, изјави Заев за МИА.

Веројатно, како што рече, се враќале од екскурзија, но сепак деталите за ова дополнително ќе се утврдат.

– Се уште не ги знаеме сите информации, бидејќи насочени сме кон преживеаните, да видиме дали се добри, дали некој е во животна опасност.

Ќе ги дознаеме првичните информации од бугарските служби, а потоа ќе се утврди кои биле дестинациите од кои се враќале, како и сите преостанати детали, вели Заев во изјавата за МИА.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

И млади парови меѓу жртвите во несреќата во која изгоре македонски автобус во Бугарија, информира Османи од Софија

Автобусот кој изгоре во Бугарија е на „Беса транс“, во него се превезувале лица кои се враќале од екскурзија

Техничка неисправност на македонскиот автобус кој изгоре во Бугарија или грешка на возачот, можни причини за несреќата

Во несреќата во која македонски автобус изгоре во Бугарија, загинаа 12 деца, меѓу кои и двајца близнаци

МИА/Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Вкупно до сега 3.340: Починаа 21 лице од Ковид-19

Редакција

(ВИДЕО) Заев: Нема одлагање на изборите, на 3 јануари ќе дадам оставка

Редакција

Француската амбасадорка Барсак: Македонија и Албанија не треба да се одвојуваат на патот кон ЕУ

Редакција