еМагазин
Image default
ЖИВОТ ТОП СТОРИИ

(Видео) Апостолоска за сообраќајката кај „Млечен“: Возачот не ни пријде за помош, само се јавуваше по телефон

Тетовчанката Наташа Апостолоска која на нозе ја крена целата македонска јавност во разговор за телевизија „Клан“ откри и други детали од несреќата кај „Млечен“, која деновиве добива судски епилог.

Таа во сообраќајната несреќа го изгуби нероденото бебе и сопругот, а самата се здоби со тешки телесни повреди.

„Гоце беше искусен возач на мотори, двајцата имавме заштитна опрема. На семафорот каде што не смее да се врти на лево, наиде возачот Васил, кој со голема брзина без давање на дополнителни знаци на вртење и место каде што не смее да сврти, сврте на две дупли ленти и направи директен судир со нас.

Константно сум свесна за тој период. Луѓето кои што се најдоа таму помагаа, дали да да повикаат полиција, да повикаат Брза помош, а Васил не пријде. Тој гледаше само од далеку и не пријде ниту до мене ниту до Гоце за да види што направил.

Единствено само забележав дека се јавува по телефони константно. Во собата каде што само еден параван не делеше, на Гоце му ја утврдија смртта. Слушнав кога кажаа дека починал,“ вели Наташа за телевизија „Клан“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Претседателот на Кривичен, Џолев од понеделник ќе коментирал за пресудата за сообраќајката кај „Млечен“

Наташа Апостолоска ги „запали“ социјалните мрежи: Условна казна доби оној кој ми го одзеде сопругот, бебето и мене ме остави со тешки телесни повреди

Сите детали: Македонија згрозена од пресудата за сообраќајката пред „Млечен“

Која е судијката Елена Илиевска-Јосифовиќ која донесе условна казна за обвинетиот за сообраќајката пред „Млечен“

Фото/Видео: ТВ Клан/Твитер/Фуркан Салиу/Апостолоска

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Наместо подароци за 8. март донирајте за Срна, Кара, Леонид, Јани…

Редакција

За надоместоци за менаџментот на Жито лукс лани потрошени 13,8 милиони денари

Редакција

(Фото) Заева, Шекеринска, Спасовски: Пола Влада на свадбата на лидерот на ЛДП, Милевски

Редакција