еМагазин
Бизнис ТОП СТОРИИ

Струмичко „Единство“ од АД ќе стане ДОО, Берзата го стави на „Листата на набљудување“

Собранието на акционери на Единство Конфекција и трикотажа АД Струмица донесе одлука за преобразба на Друштвото од акционерско друштво (АД) во друштво со ограничена одговорност (ДОО), информираат од таму преку Македонската берза.

По одлуката, Македонската берза на 11. јануари го стави Друштвото на „Листата за набљудување“ што се објавува на веб страница на Берзата, согласно член 61-а од Правилата за котација.

-Внесување на друштвото Единство АД Струмица на „Листата за набљудување“ е со цел за обрнување на внимание на инвеститорската јавност поради објавена одлука за преобразба на Единство АД Струмица од АД во ДОО, донесена од Собрание на акционери на Друштвото, велат од Берзата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Сашко Кузманов го презеде струмичко “Единство“

Димитар Поповски продаде 38,19% од акциите во струмичко „Единство“ на Сашко Кузманов

Струмичко Единство во првите девет месеци со загуба

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Нови 37 случаи на Ковид-19 од 3.658 тестирања, број на активни 627

Редакција

ECrowd.mk со нова функционалност – креирај кампања за лекување брзо и лесно!

Редакција

Разговорите со Генчовска создадоа предуслови за интензивирање во наредните денови и изнаоѓање решение, вели Османи

Редакција