Судењето на раперот Шон Диди Комбс ќе почне на 5. мај следната година.
Тој е обвинет од американските федерални власти дека сексуално злоставувал жени и ги терал да учествуваат во секс-забави и да користат дрога користејќи закани и насилство, за трговија со луѓе, рекетирање и водење криминална организација.
Исто така периодов се поднесени и стотици граѓански тужби за силување, сексуален напад, сексуална експлоатација…., од кои речиси половината се од мажи.
Тој повеќе од еден месец е во затвор, а досега неколку пати му беше одбиена кауција и од дури 50 милиони долари.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Видео) Интернет преплавен со вознемирувачки снимки со Џастин Бибер и Диди
Фото: Диди/Фејсбук
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.