еМагазин
Image default
БАШ НИ Е ЌЕФ

Третото издание на „Тони“, романот на Бужаровска ќе се чита на седум европски јазици

Непросредно пред 37. издание на Саемот на книга, првиот роман на писателката Румена Бужаровска, „Тони“, доби свое трето издание откако за само четири месеци беа распродадени над 2.000 примероци, соопштуваат од Издавачки центар ТРИ.

Оттаму дополнуваат дека домашните читатели ќе имаат можност да се сретнат со Бужаровска и да добијат потпис на својот примерок на 9. мај (петок), на штандот на ТРИ во рамки на Саемот.

„Тони го освојува и Балканот. Српското издание на романот ќе излезе на 3. јуни во издавачката куќа ‘Бука’, а на истиот датум ќе излезе и во Хрватска, во издание на ‘Фрактура’’, велат од ТРИ.

Тие истакнуваат дека романот е откупен и од престижната француска издавачка куќа „Галимар“, која досега ги издаде и збирките раскази на Бужаровска „Мојот маж“ и „Не одам никаде“. Правата за „Тони“ се откупени и во Шпанија, Грција, Косово и Црна Гора, што значи дека романот наскоро ќе може да се чита на седум европски јазици.

„Румена Бужаровска е една од најпопуларните македонски писателки. По гостувањето на домашниот Саем, продолжува на балканска книжевна турнеја – на 11. мај ќе гостува на солунскиот саем на книга по повод скорешното грчко издание на збирката раскази „Осмица“ во издание на „Гутенберг“, а во превод од македонски на Александра Јоаниду“, велат од ТРИ.

Бужаровска ќе ја посети и Албанија, по повод промоцијата на албанското издание на „Мојот маж“ во превод на Крешник Ајдини, а издаден од страна на издавачката куќа „Кандра ботиме“.

На 4. јуни Бужаровска ќе гостува и во Србија, на книжевниот настан на клубот „Букса“ посветен на неодамнешното српско издание на „Господ, па Америка“ во издание на „Бука“, која веќе неколку недели е најпродавана книга во нивните книжарници.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(ВИДЕО) Младиот херој Марко Пејчиноски за 14 часа по втор пат го преплива Охридското езеро

Редакција

Со светска премиера на „Врба“ на фестивалот во Рим, Манчевски освојува нова територија за македонската кинематографија

Редакција

Стартува летната сезона во Кинотека, проекциите на филмовите на отворено

Редакција