еМагазин
Image default
CHECK IN ТОП СТОРИИ

(Фото) Богатство од вкусови во Diamond Mall – се отвора „Гурманската авенија“

Нови атракции во „срцето на градот“ во Diamond Mall, информираат од таму.

Од денеска, сите љубители на купувањето и дружењето ќе имаат дополнителна причина за уживање, бидејќи започнува со работа „Гурманската авенија“.

Ресторанот „Amigos” прв ќе ги дочека гурманите кои сакаат да уживаат во вкусни специјалитети во урбан амбиент со посебен шарм, додека отворањето на „M House” и „Sarajeva steak house” е најавено во следните денови.

Во текот на следните месеци ќе започнат со работа и „Su Roastery”, „SushiCo”, „Tribeca” и „The Table”, со што понудата во „Гурманската авенија“ ќе биде дополнително збогатена и разновидна.

„Гурманската Авенија“ (Gourmet Avenue), е една од трите целини на Diamond Mall покрај сегментот со 150 продавници и „Зоната на соништата“ (Dream Zone), која ќе биде наскоро отворена.

Во „Гурманската Авенија“, освен можноста да ја откријат понудата на уникатни деликатеси од локалната и интернационалната кујна, посетителите ќе можат да учествуваат во различни случувања од областа на културата и уметноста.

Diamond Mall е дел од мултифункционалниот комплекс „Diamond of Skopje“, во чија изградба Групацијата „Лимак“ досега инвестираше над 350 милиони евра.

Комплексот го сочинуваат и четири резиденцијални згради, деловни простории, луксузен хотел, како и подземна сообраќајница.

Трговскиот центар располага со голем број влезови кои овозможуваат лесна пристапност од било кој дел на централното градско подрачје, независно дали се доаѓа со возило, со јавен превоз или пешки.

На располагање на посетителите на центарот се ставени и 2.900 паркинг места.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Нови 310 случаи на Ковид-19 од 2.776 тестови, 48 се реинфекции

Редакција

„Лидл“ заинтересиран да отвори маркет во Кисела Вода – во опција се неколку локации, но и отворање на регионален центар

Редакција

Возачот на комбето со кој се возеше заразената, од домашна префрлен во изолација во струмичката болница се пожалил на сомнителни симптоми

Редакција