еМагазин
Image default
ТОП СТОРИИ ЧИСТА ОКОЛИНА

(Фото) Во Куманово се поставија корпи за отпад со уникатни еколошки пораки

ЈП „Чистота и зеленило” и Општина Куманово во соработка со Мен енд Маунтен и со поддршка на невладината организација „СОН” од Гент, Белгија, во текот на вчерашниот ден ги исчистија речните корита во центарот на Куманово.

Во овој дел од реката, се наоѓа и парк за рекреација, кој постојано е посетуван од граѓаните и загадуван со отпад.

Општина Куманово, со поддршка од провинцијата Источна Фландрија во Белгија и невладината организација „СОН” токму во овој дел од градот поставија 16 нови Generalka корпи за отпад.

Во акцијата и чистењето на речното корито земаа учество вработените од ЈКП „Чистота и Зеленило” и волонтери од здружението Кумановски Акцијаши со голема поддршка од администрацијата на Општина Куманово и градоначалникот Максим Димитриевски.

На секоја од корпите за отпад напишани се уникатни пораки на македонски и албански јазик: „Создавај и не уништувај”, „Фрлете го тука вашето ѓубре – не вашата иднина”, „Твојот град – твој дом”, „Биди решение, а не загадување”, „Користете ме, но не ме злоупотребувајте”, „Загадувањето значи твое труење”, „Престани да зборуваш – почни да делуваш”…..

Идејата е да се покрене свеста на граѓаните и овие пораки да натераат секој што ќе помине оттаму и ќе ги прочита да размисли за неговата одговорност кон околината и заедницата.

„Иако симболичен, ова е многу значаен проект за нас. ЈП “Чистота и зеленило” и Општина Куманово, со поддршка од провинцијата Источна Фландрија од Белгија и во соработка со невладината организација „СОН“ од Гент, Белгија, во текот на вчерашниот ден го исчисти речното корито на градскиот кеј и поставија 16 нови Generalka корпи за отпадоци.

На секоја корпа за отпад испишани се наменски и специфични пораки до граѓаните за тоа како треба да се однесуваат за да ја заштитат животната средина и да го чуваат нивниот град чист. Ова е мотивирачки пример како да ги означиме и другите места во градот со вакви специфични пораки до сите граѓани. Градот Куманово е благодарен”, вели Димитриевски.

Директорот на Јавното комунално претпријатие „Чистота и зеленило”, Ненад Стојановски, во придружба на заменик директорката на претпријатието, Цветанка Ивановска, апелира до граѓаните да се придржуваат до хигиената и ги повика другите организации што почесто да иницираат вакви еколошки акции:

„Пораките на корпите имаат намера да им укажат на граѓаните да одложуваат отпад на соодветно место. ЈП Чистота и зеленило ги поддржува сите вакви акции и ги охрабрува и другите организации да иницираат и организираат еколошки акции, а ние со нашиот потенцијал и механизација секогаш сме им на располагање. Апелираме до граѓаните да се придржуваат до хигиената”.

СОН е нова белгиска невладина организација со фокус на културата и општеството.

„Со поддршка од провинцијата Источна Фландрија (Белгија) и во соработка со Мен енд Маунтен / Generalka среќни сме што можеме да го поддржиме градот Куманово за да создаде поеколошка средина за целото општество “, велат Јан Хозе, претседател на СОН и Катинка Димкароска, член на управниот одбор на СОН.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Пендаровски: Ако преговорите со ЕУ не се базирани на историја, туку на европски критериуми, ќе ги завршиме во рекордно време

Редакција

Владата планира да прибере 94 милиони евра од глоби и такси во буџетот за 2020 година

Редакција

(Вознемирувачко видео) Светот згрозен: Иранската полиција пука на луѓе и тепа жени во метро

Редакција