еМагазин
Image default
ТОП СТОРИИ Убава приказна

(Фото) Македонскиот модел Елена Реи во модна кампања за накит за брендот „Фелин“ од Сингапур

Нашиот неповторлив топ модел Елена Реи која веќе подолго време престојува во Азија неодамна изработи кампања за накит на познатиот бренд „Фелин“ од Сингапур.

Оваа уникатна колекција на накит која вклучува различни модни додатоци ќе биде пласирана за претстојната модна сезона.

„Со нејзината кариера која трае повеќе од петнасет години Реи ќе биде запаметена како една од ретките македонки кои интернационално постигнале неверојатни успеси.

Оваа наша убавица која поседува моќна трансформација е вистински пример за врвен професионален модел. После Токио и Сингапур, Елена Реи патува за Шангај каде ќе работи кампања за нова колекција на светски познат дизајнер.

А нам како нејзина матична агенција ни преостанува да и бидеме вечна поддршка, бидејќи нè претставува низ светот во вистинско модно светло,“ велат од Моделс ИН Менаџмент.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Звучни имиња на најновата листа должници на УЈП

Редакција

Сите пријавени македонски граѓани се евакуирани од Авганистан

Редакција

Застрашувачки: Осум лица починале од грип минатата недела

Редакција