Здружението Нов АСНОМ, информираше дека завчера е вандализиран македонскиот културен клуб “Никола Вапцаров“ во Благоевград, Бугарија, кој треба да се отвори на 30 октомври.
Била извадена буквата М од насловот на Македонски културен клуб “Никола Вапцаров“.
„Овој чин на вандализам е напад на меѓуетничката толеранција во Европска Бугарија, чија влада не ги осудува ваквите акти на меѓуетничка нетрпеливост и со самото тоа се става на страната на чинителите на ваквиот вандалски чин.
Од друга страна, нашата Влада, мирно и кротко си молчи на агресивната етничка нетрпеливост манифестирана против Македонците во Бугарија, ефективно спроведувајќи го Бугарскиот Договор, точката 11 алинеја 5 од истиот. Со тоа, владата на земјата чие име Северна го мразиме, се става на страната на тие што ја подгреваат етничката нетрпеливост во Бугарија“, велат од Нов АСНОМ.
Нов АСНОМ смета дека негувањето на врските со нашите роднини и пријатели од Пиринска Македонија, како и нивно помагање е единственото решение во услови кога нашиот идентитет е нападнат по сите основи од Бугарија.
Отварањето на клубот го финансира и ќе го управува Македонското меѓународно движење за човекови права.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
За бугарскиот министер Милков, Тито е поголем проблем од „Цар Борис III“