еМагазин
Image default
Македонија

Таравари по изборот за претседател ќе се фокусира на партиските тела, вели нема понуда за влез во Владата

Новиот лидер на Алијанса за Албанците, Арбен Таравари по изборот на вонредниот Конгрес во Тетово, рече дека политиките на партијата остануваат исти, а воедно тоа се однесува и на евентуалното учество во Владата.

На новинарските прашања по изборот тој рече дека Алијанса за Албанците не води преговори за да биде дел од владината коалиција.

„Нема нешто конкретно. Не би сакал нешто да дезинформирам. Дека имаме контакти, тоа е неспорно, меѓутоа дека немаме нешто одлука и тоа е сигурно. Мене ми треба да има органи на партијата, тела на партијата затоа ќе се обидам да се одржи што побргу Собранието на партијата за да го избереме и Централното претседателство, како би функционирале како што треба,“ рече Таравари.

Комуникација редовна има и канали на комуникација постојат, додаде, посебно меѓу нашите пратеници кои се секојдневно во Парламентот и комуницираат едни со други.

„Не сме стигнати до министерски места, не исклучувам можност, меѓутоа засега нема таква понуда да речам. Но ви велам јас очекувам да се формираат партиските тела. Без тоа како да одлучува еден човек,“ посочи Таравари.

Наместо Комисија за организирање на конгрес кој бил составен од градоначалниците и нашите пратеници, потенцира, во иднина ќе се формира новиот состав на Централно претседателство. Воедно ќе се бира и претседател на Собранието на партијата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Арбен Таравари избран за претседател на Алијанса за Албанците, на местото на Зијадин Села

МИА/Фото: Фејсбук/Таравари

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Кој се е во владината делегација која ќе учествува на Самитот на НАТО во Лондон

Редакција

Патниците од Македонија од утре ќе може да влезат во Холандија без никакви ограничувања

Редакција

Бугарија го блокира потпишувањето на Фронтекс поради македонскиот јазик: Ќе има ли проблеми во борбата против нелегалната миграција?

Редакција