еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Бугарија го блокира потпишувањето на Фронтекс поради македонскиот јазик: Ќе има ли проблеми во борбата против нелегалната миграција?

МИА побара одговор од Европската Комисија до каде е потпишувањето на договорот за Фронтекс помеѓу Северна Македонија и ЕУ, проблемот е употребата на „македонски јазик“, јави дописничката на МИА од Брисел.

Европската Унија е во процес на потпишување на договор со земјите од Западен Балкан за Фронтекс, односно за интегрирано гранично управување, една од стратешките точки во борбата против „нелегалната миграција“ на ЕУ, бидејќи земјите од регионот се наоѓаат на клучната „балканска рута“.

Во последните две години, ЕУ ваков договор потпиша со Албанија, Црна Гора и со Србија.

Со Северна Македонија договорот за Фронтекс е инициран во јули 2018, но до денешен ден останува непотпишан само поради Бугарија.

Од Европската Комисија МИА го доби следниот одговор на прашање до каде е потпишувањето на договорот:

-Референцата „македонски јазик“ е единствената пречка што преостанува за потпишување на договорот, за други детали обратете се директно кај националните власти, стои во писмениот одговор од Европската Комисија до МИА.

Од Комисијата не беа во можност да одговорат дали ова прашање наскоро ќе се реши и дали тоа има безбедносни импликации за Европската Унија.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Скопјано од утре ќе имаат парно, велат од Регулаторната комисија за енергетика

Редакција

Дали е самоубиство: Македонската инфлуенсерка Јанеска била пронајдена со прострелна рана во главата

Редакција

Бугарија не може да блокира колку што ние можеме да бидеме упорни во процесот на евроинтеграции, вели Османи

Редакција