еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Бугарија не може да блокира колку што ние можеме да бидеме упорни во процесот на евроинтеграции, вели Османи

Важна констатација и одлука од состанокот е дека Словенија, словенечкото претседателство, го презема португалскиот предлог и продолжува да работи на него со еден силен одек на поддршка од 26 земји членки, којшто е невиден досега во однос на кое било прашање во Европскиот совет, рече министерот за надворешни работи Бујар Османи.

Според Османи, и по најновата блокада од Бугарија на Советот за општи работи во Луксембург на усвојувањето на преговарачката рамка и старт на преговорите на Унијата со Македонија и со Албанија, процесот се уште има кредибилност и преголема енергија.

-Ова не го кажувам за да ги охрабрам граѓаните, меѓутоа јас бев охрабрен во сето тоа разочарување коешто го имавме читајќи ги извештаите на интервенциите на 26-те земји членки. Навистина треба да не држи храбри и оптимисти дека се уште има енергија и кредибилност овој процес и таа енергија е преголема за кој било да ја блокира, рече Османи.

Шефот на дипломатијата повтори дека нема алтернатива за нашето членство во Европската унија.

-Гледајте ја мапата на Европа и ќе видите дека ние таму сме остров. Нема географска и економска логика на која било алтернатива. Тоа е патот, крајната станица, тоа е шина што води кон еден правец. Прашање е на време кога. Јас мислам дека тие не може да не блокираат колку што ние сме упорни во процесот, рече Османи.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Ако не можеме да ги отвориме вратите заради македонскиот јазик, во ред, нема да ги отвориме, вели Димитров

Почеток на преговорите со Македонија и Албанија останува приоритетно прашање, вели Вархеји

Македонија останува во децениската чекална, извиси и Албанија: ЕУ се надева на преговори што поскоро

МИА/Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Убава вест: Иван на кого му беше трансплантирано срце, си оди дома

Редакција

(Фото) Македонската делегација предводена од Заев со владиниот авион пристигна во Атина

Редакција

Софија обвинува за репресија на Бугарите во Македонија

Редакција