еМагазин
Image default
Македонија

Груевски се јави за „Плацевите на Водно“: Ме обвинуваат со „рекла-казала“ приказни

Поранешниот премиер Никола Груевски, кој избега во Унгарија, се огласи на Фејсбук по најавата за старт на судењето за „Плацевите на Водно“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Судењето на Камчев за „Плацевите на Водно” почнува на 16 јули

“Без ниту еден матерјален доказ, кој и не може да го има, бидејќи не сум направил никакви купопродажби, и само со приказни од типот „рекла-казала” на неколку, најблаго кажано, уценети лица од власта со најбрутални методи, очекувано, уште пред 7-8 дена судот прифати да се расправа за обвинението на Обвинителство креирано по наредба“, пишува Груевски.

„Тоа е она кога не те бива нешто сериозно да создадеш, изградиш, реформираш, унапредиш, да исполниш ветувања кон народот, па удираш по тој кој го направил тоа што не можеш ти, верувајки дека така ќе ја намалиш неговата, а ќе ја зголемиш својата вредност во перцепцијата на народот, и се со цел да се одржиш подолго во криминалното работње и рекетот од позиција на власт“, пишува тој.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

За обвинението за „Плацеви на Водно“, Груевски го обвини Заев

Уште 30 дена притвор за Камчев, за „Плацеви на Водно” определен притвор и за Груевски

Поранешниот премиер вели дека „беснеењето“ на актуелната власт ќе има крај.

„Ќе дојде крајот, но и почетокот на демонтирање и вадење пред правдата, на оваа криминална банда, предводена од човек кој функционира по мафијашки принципи, слично како што функционирал кога го зголемувал својот капитал преку лихварство во струмичкиот регион, за што само параван била регистрирана штедилница, и како што функционирал при делење на стотици тендери на општина Струмица на членовите на неговото потесно и пошироко семејство и локални партиски челници, за кое пред 7 години ни објаснуваше дека регуларно си ги добиле тендерите“, пишува Груевски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

За што се работи во предметот „Плацеви на Водно“ во кој се води истрага за Груевски, Мијалков и Камчев

Фото: Груевски/Фејсбук

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Отворени се ковид центрите на Клиниката на нефрологија, гастроентерохепатологија, очни болести и за уво нос и грло

Редакција

Седницата за избор на техничката влада почнува утре во 11 часот, треба да се изгласа до полноќ

Редакција

Имаме информации дека луѓе од МПЦ, бизнис заедницата и партиите соработуваат со руски служби, вели Пендаровски

Редакција