еМагазин
Image default
Македонија

Софија обвинува за репресија на Бугарите во Македонија

Бугарското Министерство за надворешни работи излезе со став за почитување на правата на бугарските граѓани и државјани со бугарски идентитет во Република Северна Македонија во врска со изјавата на премиерот Зоран Заев од 3 септември, за правата на Бугарите во Северна Македонија.

Како што јави дописникот на МИА од Софија, во документот се вели дека Софија во неколку наврати изјавила дека е свесна за проблемите со кои Бугарите се соочувале во минатото и дека за жал продолжуваат да се соочуваат до ден денес, а тоа било репресија, говор на омраза и нееднаков третман.

– Континуираната практика на овековечување на предрасудите и негативните стереотипи кон Бугарија и бугарскиот народ, вклучително и преку медиуми, учебници и споменици, како и напади врз бугарските национални симболи и спомен плочи, дополнително придонесува за создавање негативни ставови и неповолна средина за бугарските граѓани во Република Северна Македонија, пишува во документот на бугарското Министерство за надворешни работи.

Се наведува дека Република Бугарија инсистира на јасна и недвосмислена позиција на властите во Република Северна Македонија да преземат конкретни активности за изградба на интегрирано општество базирано на владеење на правото и заштита на човековите права.

Гарантирањето на уставните права на граѓаните со бугарска определба на рамноправна основа со сите други граѓани на Република Северна Македонија, без дискриминација, ќе им реши голем број егзистенцијални прашања.

Важноста за одржување добрососедски односи, а особено доследната имплементација, со добра волја, на билатералните договори со земјите – членки на ЕУ, постојано беше нагласена од Советот на ЕУ.

Имплементацијата на одредбите и духот на Договорот за пријателство, добрососедство и соработка склучен во 2017 година е од клучно значење и останува предуслов за напредок во процесот на пристапување на земјата во ЕУ.

Како заклучок, во документот се наведува дека Бугарија ќе посвети посебно внимание на сите процеси поврзани со создавање на неопходните услови за самоидентификација на граѓаните со бугарска определба.

МИА/Фото: Фејсбук/бугарско МНР

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Фото) Распишана меѓународна потерница за Анџело Ѓоргиевски за убиството на хрватскиот ракометар

Редакција

Антикорупциска отвора предмет за паричната помош за здруженијата и фондациите за справување со кризата од коронавирусот

Редакција

Притвор од 48 часа за косовски државјанин за пукање во полицаец во Ѓорче Петров

Редакција