еМагазин
Image default
Македонија

(Фото) Македонската делегација предводена од Заев со владиниот авион пристигна во Атина

Македонската делегација предводена од премиерот Зоран Заев пристигна во Атина каде меѓу другото ќе учествува на конференција на угледниот магазин „Економист“.

„Заедно со заменик-претседателот на Владата задолжен за економски прашања и за координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битики, заменик-претседателот задолжен за европски прашања, Никола Димитров и министерот за надворешни работи, Бујар Османи ја започнуваме дводневната работна посета на Атина со учество на оваа конференција.

Од темите што се застапени со посебно внимание ќе им се посветиме на заедничките предлози и насоки за справување со економската криза и за лекциите што мораме да ги извлечеме од менаџирањето со Ковид-19.

Од конференцијата се очекува и придонес во креирањето на новата стратегија за кохезија и заедништво на Европската Унија, како и за клучната улога на јавните здравствени политики за успешно спроведување на излезните стратегии со Ковид-19.

На предвидените средби со претседателката на Грција, Катерина Сакеларопулу и премиерот Кирајакос Мицотакис, како и со другите министри во Владата на Грција, ќе ја потврдиме нашата заедничка определба да ги подобруваме взаемните односи и да продолжиме да ја зајакнуваме довербата меѓу Северна Македонија и Грција како пример за добри односи во регионот.

Убедени сме дека во основата на тој дух на заедничка соработка лежи Договорот од Преспа, кој од двете земји нарави сојузништво кое е особено значајно во претстојниот период на подготовка на првата меѓувладина конференција за старт на преговорите на нашата земја со ЕУ под претседателство на СР Германија.

Дводневната посета на Атина и учеството на конференцијата на „Економист“ е добра прилика и за многу средби со претставници на бизнис заедницата на Грција како земја која е меѓу првите пет трговски и инвестициски партнери на нашата држава“, напиша Заев на својот Фејсбук-профил.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Заев и Мицотакис во Атина ќе разговарааат за имплементацијата на Договорот од Преспа

Заев на конференција на „Економист“ во Атина ќе дискутира со Дора Бакојани, а ќе се сретне и со Мицотакис

Фото: Фејсбук/Заев

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Повторно активен Твитер профилот на Филипче

Редакција

Обвинение за новинар од порталот „Инфомакс“ за објавување на записникот од „Рекет“

Редакција

Во ковид центрите во Скопје за 24 часа има двајца хоспитализирани пациенти, а вкупно се лекуваaт 50

Редакција