еМагазин
Image default
Бизнис

Во преработувачката индустрија се очекува зголемен обем на производство и повеќе вработувања

Поповолни очекувања за состојбата во преработувачката индустријата имаат раководителите на деловните субјекти во оваа гранка. Според објавените податоци на Државниот завод за статистика, раководителите очекуваат поповолна состојба за обезбедност на производството со порачки и обемот на производството во наредните три месеци.

Според нивните оценки, залихите на готовите производи се зголемени, а се очекува бројот на вработените да се зголеми.

Оценката за економската состојба на деловните субјекти во август 2020 година е поповолна во однос на претходниот месец, а понеповолна во однос на август 2019 година.

Просечното искористување на капацитетите на деловните субјекти во август 2020 година изнесува 67 отсто од нормалното искористување, а најголемо влијание за тоа имале недоволната странска побарувачка со 20,5 отсто, неизвесното економско опкружување со 16,8 отсто, недостигот на квалификувана работна сила со 17,7 отсто и недоволната домашна побарувачка со 11,7 отсто.

Според оценката на раководителите на деловните субјекти, индикаторот на доверба во преработувачката индустрија во август 2020 година е зголемен за 0,6 процентни поени во однос на јули 2020 година и изнесува 12,9, а во однос на август 2019 година е намален за 8,5 процентни поени.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МГ Фешн: Имаме основа за целосно легитимна правна постапка за претрпена штета, ако се случи суспензија на планот

Редакција

Витаминка откупи сопствени акции

Редакција

Халк банка го освојува македонскиот и регионалниот пазар

Редакција