еМагазин
Image default
ЖИВОТ ТОП СТОРИИ

Дали е самоубиство: Македонската инфлуенсерка Јанеска била пронајдена со прострелна рана во главата

Порталот news24.com објави дека Македонката Маја Јанеска (Маја Миа) била пронајдена со прострелна рана во главата, за што добиле потврда од полицијата, која случајот засега го води како самоубиство.

-Полицијата добила повик за лице кое наводно се самоубило во „Bassonia Estate“. По пристигнувањето на дадената адреса, полицијата пронашла жена во спалната соба со прострелна рана во главата. До неа имало огнено оружје. Брзата помош констатирала смрт, вели портпаролот на полицијата, Мавела Масондо.

Според порталот Јанеска била во врска со Кајл Филипс, ко-директор на компанијата за цигари „Карнилинкс“.

Порталот од свои извори дознава дека Филипс на блиските им кажал дека во моментот на смртта на Јанеска бил во куќата и се упатил кон собата каде што била пронајдена.

Поранешната сопруга на Филипс пак ја оспори оваа верзија и вели дека тој бил „скршен од болка“.

Нејзините блиски и пријатели пак за порталот велат дека не веруваат дека таа си го одзела животот.

Според нејзиниот роднина, семејството на Јанеска дознало за нејзината смрт преку еден од поранешните соработници на Филипс, кој им се јавил да им каже дека нејзиното тело е пронајдено, а дека самоубиството е сомнителна причина за нејзината смрт.

-Таа понекогаш се плашеше за својот живот. Нејзиното момче имаше мажи кои работеа за него, а таа се плашеше и од нив. Срцето ни е скршено и сериозно не знаеме што да правиме, вели тој.

Роднината, која сакал да остане анонимен вели и дека, кога Филипс ги контактирал за смртта на Јанеска, звучел „вознемирено“.

За блиската пријателка на Јанеска, Ива Ристиќ, веста за нејзината прерана смрт била „срцепарателна“.

-Разговарав со неа во четвртокот (Маја е пронајдена во петок, н.з.), и таа не сакаше да се самоубие. Таа не беше таква личност, вели таа за порталот и додава:

-Таа штотуку се врати од дипломатско патување во Македонија. Беше толку убава жена, полна со живот, многу талентирана и амбициозна. Таа беше добро запознаена со министрите во земјава и шефовите. Таа го сакаше животот и не разбирам зошто некој би и наштетил на каков било начин.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео+фото) Која е Маја Јанеска, Македонка од Охрид, која загина во Африка

МНР ќе го организира транспорт на посмртните останки на инфлуенсерката Маја Јанеска од Јужна Африка

(Фото) Во Африка почина инфлуенсерката и мејкап артистка Маја Миа од Охрид

Фото: АУЕ-ФОН

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Фото) „Пиши кога ќе стигнеш“ –  симболична поддршка и протест од учениците во Грција за железничката несреќа

Редакција

Убава вест: Оздравени уште 5 пациенти од коронавирусот, вкупно излекувани 1.205

Редакција

Заев не верува во приказните дека Бранко Црвенковски ќе формира нова партија

Редакција