еМагазин
Image default
ЖИВОТ ТОП СТОРИИ

(Фото) Во Африка почина инфлуенсерката и мејкап артистка Маја Миа од Охрид

Инфлуенсерката и мејкап артистка Маја Јанеска (Маја Миа) од Охрид почина во Јужна Африка, јавија африканските медиуми.

Таа е по потекло од Охрид, а 22 години живее во Африка.

Засега нема официјални информации за причината за смртта.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео+фото) Која е Маја Јанеска, Македонка од Охрид, која загина во Африка

Инфлуенсерката Маја Јанеска загинала во несреќен случај, нејзините посмртните останки ќе бидат донесени во Охрид

Од неа на социјалните мрежи се простија танзанискиот актер Идрис Султан и танзанискиот музичар Оми Димпоз, со кои била во врска.

Таа пред неколку денови беше во Македонија заедно со бизнисмени од Јужна Африка за воспоставување дипломатска, образовна и економска соработка меѓу Македонија и африканските земји, а на Универзитетот АУЕ – ФОН одржа мотивациски говор пред студентите.

На социјалните мрежи објави неколку фотографии со актуелни и поранешни македонски политичари.

Фото: Маја Миа/Инстаграм/АУЕ – ФОН

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Нема одговорност за министерот за образование за учебниците, авторите да обрнеле внимание, вели Ковачевски

Редакција

ЕВН: Жители на Слупчане противзаконски отвориле енергетски објект, без струја селата од липковско, Оризаре, Ваксинце и Лојане

Редакција

Пендаровски за картата на Каракачанов со Санстефанска Бугарија: Отворено кршење на Договорот за добросодество

Редакција