еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Нема одговорност за министерот за образование за учебниците, авторите да обрнеле внимание, вели Ковачевски

Авторите треба да обрнат поголемо внимание при пишувањето на учебниците, но исто така внимание да обрнат и рецензентите при рецензирањето на книгите, порача денеска премиерот Димитар Ковачевски во врска со актуелната ситуација со пропустите во учебникот за петто одделение.

На прашање дали ќе побара одговорност од министерот за образование и наука, Ковачевски рече дека министерот не ги пишува учебниците, туку авторите.

-Министер за образование и наука не ги пишува учебниците. Учебници пишуваат автори, рецензија прават рецензенти. Затоа, онаму каде што се појавиле грешки при пишувањето на книгите, при нивното рецензирање, тие ќе треба да бидат вратени и да бидат заменети со текстови кои што ќе бидат напишани на научен начин, рецензирани согласно научната пракса, и како такви повторно дистрибуирани, изјави премиерот по доделувањето на социјалните станови на граѓани во Пробиштип.

Инаку, деновиве беа констатирани нелогичности во учебникот по Историја и општество за петто одделение

Министерството за образование и наука и Педагошката служба соопштија дека е почнат процесот за утврдување на причините за пропустите при одобрувањето и издавањето на овој учебник за кој, како што се наведува, се констатирани низа грешки и нелогичности не смееја да се дозволат.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Историчарите пронајдоа редица грешки и пропусти во новиот учебник за Историја и општество за V одделение

Се јавија авторките на учебникот по Историја и општество, немале можност да го видат пред печатење

МИА/Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Министерството за политички систем и односи меѓу заедниците вработува седум лица, плата до 26.253 денари

Редакција

(Видео) „Како да си ги купам лековите со 12.000 пензија,“ го праша пензионерка министерот Меџити

Редакција

Заев и Мицкоски се договорија да не се договорат, судбината на СЈО останува да виси

Редакција