еМагазин
Image default
Локално ТОП СТОРИИ

ЕВН: Жители на Слупчане противзаконски отвориле енергетски објект, без струја селата од липковско, Оризаре, Ваксинце и Лојане

Жителите на липковските села Оризаре, Ваксинце и Лојане денеска се без електрична енергија, поради дефект, кој како што соопштија од ЕВН го предизвикале жители на Слупчане кои насилно и противзаконски влегле во енергетски објект, обидувајќи се сами да го вратат напојувањето.

Од ЕВН во денешното соопштение до медиумите, информираа дека во вчерашните доцни часови, лица од Слупчане насилно и противзаконски отвориле голем енергетски објект во припадност на електродистрибуција во обид сами да го вратат напојувањето со електрична енергија во селото.

– По ваквиот обид на самоволно противправно приклучување, предизвикан е дефект од големи размери кој ги остави и соседните села без струја. Ваквите манипулации од нестручни лица се крајно небезбедни може да имаат многу трагичен крај со смртни последици.

Село Оризаре, Ваксинце и Лојане денес се соочуваат со дефект благодарение на жители од село Слупчане, велат од ЕВН.

Во соопштението се укажува дека мештаните на Слупчане не дозволуваат операторот на дистрибутивниот систем да ги исполни своите законски обврски да ја одржува, надградува и да постави системи за точно мерење на електричната енергија.

– Екипите на електродистрибуција не може да го санираат дефектот сè додека не добијат цврсти гаранции дека ќе се овозможат нормални услови за работа. Дефекти предизвикани од неовластени манипулации како во случајов, одземаат многу време да се санираат. Кражбите на електрична енергија во ова село се 80, а наплатата е само 20 проценти, велат од ЕВН.

Вчера, како што пренесоа медиуми, жителите на Слупчане со запалени гуми го блокираа влезот на селото и не дозволија екипи на ЕВН да извршат интервенции.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

И Студеничани без струја поради кражби

Фото: Унсплеш

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Сопругата со свои пари ивестираше во фирмата за производство на струја, а тоа е пријавено во мојот анкетен лист, вели Ковачевски

Редакција

Деца од „Мал битолски Монмартар“ се сретнале со бугарски политичари, институциите формираат предмет

Редакција

Куче скитник каснaло девојка на Кејот во Скопје

Редакција