еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Сопругата со свои пари ивестираше во фирмата за производство на струја, а тоа е пријавено во мојот анкетен лист, вели Ковачевски

Премиерот Димитар Ковачевски денеска изјави дека во неговиот анкетен лист поднесен до Антикорупциската комисија, уште пред да дојде на сегашната функција, било пријавено дека неговата сопруга има инвестирано во изградба на фотоволтаична централа.

Ковачевски, одговарајќи на новинарско прашање, рече дека тоа е инвестиција на неговата сопруга, за што вложила нејзини сопствени средства.

„Прво, тоа што беше објавено на еден портал, потоа беше преземено и од други портали, беше јавно достапен податок и може да се види од мојот анкетен лист каде што е пријавен уделот на мојата сопруга.

Тоа не е сега, тоа е уште пред да стапам на функција како претседател на Владата. Согласно Закон за трговски друштва и согласно законските регулативи во државата секој граѓанин може да инвестира свои сопствени средства, како што таа има инвестирано свои сопствени средства и сето тоа е пријавено во сите надлежни институции, во Антикорупциска, со сите податоци и тие се јавно достапни, рече Ковачевски.

Тоа, додаде тој, е нејзина инвестиција којашто ја има направено со свои сопствени средства.

„Без моја помош, зошто би имала моја помош да инвестира средства,“ рече Ковачевски прашан дали таа тоа го направила без негова помош.

Премиерот Ковачевски на прес-конференцијата одговарајќи на прашање во врска со корупцијата и соработката со САД, рече дека земјата има функционални институции и дека треба да се работи на сузбивање на корупцијата, како и дека во изминативе 30 години ние за тоа сме имале меѓународна помош. Ова, според него, е дел од една стратешка соработка што Македонија ја има со САД.

– Ние на ова гледаме како на продолжување на партнерскиот однос којшто го имаме со САД со цел градење на држава која ќе стане земја членка на ЕУ, а со самото зачленување во ЕУ владеењето на правото и борбата против корупцијата се издигаат на највисоко ниво, рече Ковачевски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Елена Ковачевска, сопругата на премиерот, меѓу основачите на фирма која ќе произведува струја

МИА/Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Шопенхауер, Фром, Ниче: Груевски повторно се јави со филозофски мисли од Будимпешта

Редакција

Доколку има добра волја од Бугарија зошто не се потпише договорот со Фронтекс, го праша Османи, Милошоски

Редакција

Текстилните работници од Штип кои користеле автобуски превоз да се јават на матичен лекар ако имаат симптоми на корона вирусот

Редакција