еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Собранието не го усвои предлогот по скратена постапка да се носат измените на Законот за субвенциониран студентски оброк

Собранието на денешната седница не го усвои предлогот на дел од пратениците на ВМРО-ДПМНЕ по скратена постапка да се носи предлог-законот за изменување на Законот за субвенциониран студентски оброк.

Со овој предлог, пратениците бараат износот на субвенција за студентскиот оброк да се зголеми од 120 на 160 денари.

Пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Бојан Стојановски рече дека тие нудат конкретно решение, и оти средства во Буџетот има. Тој ги повика пратениците веднаш да ја изгласаат потребата преку собраниските комисии да се изгласа законско решение со кое до крајот на годината наместо 120, студентите ќе добијат 160 денари за студентски оброк.

„Скоро еден месец подоцна од театрите во Собранието, нема скоро ништо од она што го ветуваа дека ќе се исполни. Што добија студентите еден месец подоцна? Не ги лажете луѓето, децата не ги носете по увиди, станете сериозни и почнете да прифаќате законски решенија со кои ќе им помогнете на студентите,“ рече Стојановски.

Собранието на денешната седница ја утврди потребата по скратена постапка да се донесат неколку закони предложени од Владата, меѓу кои законите за извршување на буџетот за 2023 и предлог-законот за дополнување на законот за концесии и јавно-приватно партнерство и ги задолжи матичните комисии да расправаат по предлозите.

На седницата, Собранието усвои по скратена постапка да се носат и предлог-законот за гаранција на Македонија на обврските по Финансискиот договор за заем на Развојната банка за мали и средни претпријатија, средно пазарно капитализирани претпријатија и зелена транзиција, кој ќе се склучи меѓу Европската инвестициона банка и Развојната банка, предлог-законите за изменување и дополнување на Законот за данокот на личен доход, на Законот за данокот на добивка, на Законот за данокот на додадена вредност, и предлог-законот за дополнување на Законот за патните исправи на државјаните.

Собранието, не ги усвои ниту предлозите на дел од пратениците на ВМРО-ДПМНЕ по скратена постапка да се носат предлог-законите за дополнување на Законот за враќање на дел од данокот на додадена вредност на физичките лица и за дополнување и изменување на Законот за данокот на додадена вредност.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Делегацијата на ЕУ го осуди инцидентот во Охрид

Редакција

Комисијата за заразни болести и МОН го одложија состанокот за протоколите за настава во училиштата

Редакција

Министерството за образование и наука склучи договор со “Телелинк бизнис сервисис“ вреден 589.7 илјади евра

Редакција