еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Делегацијата на ЕУ го осуди инцидентот во Охрид

Делегацијата на Европската Унија (ЕУ) во земјава ги осудува сите акти на насилство, како тој во Охрид и очекува властите да го истражат случајот.

– Ги осудуваме сите акти на насилство како што е овој. Очекуваме властите брзо да го истражат случајот и да ги изведат сторителите пред лицето на правдата, се вели во одговорот од Делегацијата на ЕУ, на прашање од МИА за коментар на синоќешниот инцидент во Охрид.

Полицијата денеска приведе тројца охриѓани осомничени дека синоќа физички нападнале свој сограѓанин во угостителски објект на кејот „Македонија“ во Охрид. Како што соопшти МВР, полициски службеници од СВР Охрид во рамки на преземените мерки и активности во координација со охридското ОЈО за расчистување на случајот со физички напад врз 21-годишниот охриѓанец Х.П., ги привеле С.К., С.К. и И.С. од Охрид.

Претходно, портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски за МИА изјави дека синоќа околу 22.30 часот во полицијата било пријавено дека тројцата приведени прво во, а потоа и надвор од посочениот угостителски објект, физички го нападнеле Х.П., кој притоа се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во охридската Општа болница, каде му била укажана лекарска помош.

Инцидентот претходно го осудија и претседателот на државата Стево Пендаровски, премиерот Димитар Ковачевски и министерот Бујар Османи, како и бугарскиот премиер Галеб Донев, бугарскиот претседател Румен Радев и бугарското МНР.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

СДК: Натепаниот секретар на бугарскиот клуб минатиот декември бил фатен со кокаин, го натепале лица повеќе пати пријавувани за нарушување на ред и мир

МИА/Фото: Унсплеш

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Македонците го „окупираа“ Солун

Редакција

Топ пет акции со најголем пораст на Македонската берза

Редакција

„Ел те инженеринг“ го доби тендерот на ГА-МА за одржување и итни приклучоци на гасоводот вреден 1,3 милиони евра

Редакција