еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

СДК: Натепаниот секретар на бугарскиот клуб минатиот декември бил фатен со кокаин, го натепале лица повеќе пати пријавувани за нарушување на ред и мир

Сакам да кажам објави дека синоќешната тепачка во угостителски објект во Охрид, во која тројца напаѓачи му ја скршиле вилицата на секретарот на бугарскиот клуб „Борис Трети“, а за која бугарското МНР најави дека ќе поднесе протестна нота до нашата амбасада во Софија, по сè изгледа е “дилерско-криминална пресметка“.

Во архивата на МВР, секретарот на бугарскиот клуб се појавува како лице со кривична пријава, откако охридската полиција на 18 декември нашла кај него кокаин.

„СВР Охрид поднесе кривична пријава против Х.П.(22) од Охрид поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело ‘неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори’. При преглед извршен во атарот на охридското село Лескоец, полициските службеници кај него пронашле и одзеле кокаин“, стои во соопштението на СВР Охрид тој ден.

Според Сакам да кажам и лицата кои го натепале секретарот на бугарскиот клуб ѝ се познати на полицијата во градот. За нив имало досиеја дека се пријавувани за нарушување на јавниот ред и мир, во повеќе наврати.

Сакам да кажам, повикувајќи се на очевидци, објави дека синоќа околу 22.30 часот во угостителскиот објект најпрво се случила вербален конфликт. Веднаш штом влегле тројцата во локалот, секретарот почнал да ги пцуе и навредува, по што лицата го извадиле надвор и го натепале.

Ни збор не се кажал за политика, за бугарски, за македонски идентитет, за јазик или говор на омраза, пишува Сакам да кажам.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Бугарското МНР ќе ѝ врачи протестна нота на македонската амбасадорка Поповска за нападот врз секретарот на „Цар Борис Трети“

Османи го осуди нападот и ќе го посети нападнатиот секретар на бугарскиот клуб „Цар Борис Трети“

Во Охрид од три лица претепан секретарот на бугарскиот клуб „Цар Борис Трети“

Фото: МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Тим од студенти на ФЕИТ победи на светското финале во развој на систем за диференцирање на шизофренијата и биполарната психоза

Редакција

Просекот на заболените со коронавирусот во Македонија останува 43,5 години

Редакција

Пристигнаа нови 10.530 дози од вакцината на „Фајзер”

Редакција