еМагазин
Image default
Македонија

Пристигнаа нови 10.530 дози од вакцината на „Фајзер”

Денеска пристигнаа нови 10.530 дози од вакцината на производителот „Фајзер” од кои 5.850 се преку директни преговори со производителот, а 4.680 дози кои ЕУ ги обезбедува како помош преку трилатерални договори во рамките на програмата „Тим Јуроп“ (Team Europe), објави на својот Фејсбук профил, министерот за здравство Венко Филипче.

Оваа програма за поддршка во снабдувањето вакцини за Западен Балкан, посочува министерот, ја координира Австрија.

-Количините на вакцини постојано се дополнуваат, апелирам сите граѓани да се пријават за вакцинција на vakcinacija.mk, напиша Филипче.

Фото: МЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Од Ковид-19 починале три лица, само едно без коморбидитет

Редакција

МВР регистрира 501 прекршок за неносење маски

Редакција

Ѓоргиев: Не бегаме од заедничката историја, но, не ја сфаќаме на начин како бугарската страна

Редакција